Охрид
Комплетна електроинсталација и заштита
Декември 2024

Објектот отвораше пред сезоната и рокот беше непоместлив. Кујната бара силни моторни приклучоци, терасата – надворешна инсталација отпорна на влага, а покривот е дрвен, што ја прави громобранската заштита критична, а не формална.
Работевме во фази, следејќи го градежниот распоред, за да не чекаме и да не бидеме чекани. Сите испитувања ги правевме на крајот од секоја фаза, а не сите на крајот од проектот.
Објектот доби употребна дозвола без забелешки на електричниот дел. По првата сезона немаше ниту едно активирање на заштита поради преоптоварување – потврда дека димензионирањето беше исправно.


Централа од 40 kWp на трапезен кров, поставена без ниту едно пробивање на хидроизолацијата. Покрива над 70% од дневната потрошувачка на погонот.

Соларен систем од 10 kWp со 15 kWh батерии и автоматско префрлање при прекин на мрежата. Куќата останува под напон и во зима.
